Сојузот на синдикатите на Република Македонија бара повлекување на Предлог Законот за Јавни службеници од собраниска процедура. Тие објаснуваат дека овој Предлог закон е нецелосен, нереален, нејасен и рестриктивен и дека, доколку се усвои, ќе донесе хаос во Јавната администрација.

Најголеми замерки синдикалците имаат на членовите според кој се предвидува, јавните службеници да бидат распоредувани на работни места без временски или географски ограничувања и според објективни проценки на претпоставените. Исто така според нив во законот не постои ниту еден член за еднаквост на платата на јавните и дека истата ќе ја утврдува органот за управување. Синдикалците сметаат дека платата треба да се регулира согласно со Колективниот договор, а не со посебни акти на работодавачот.

-Дали е свесен предлчагачот дека никаде не е утврдена примената на Колективните договори, со што се создава нееднаквост во остварувањето на правата на работниците, а со тоа се крши уставната одредба за рамноправност на сите граѓани пред Уставот и Законот.-објануваат од ССМ.

Тие нагласуваат и дека никаде во спорниот предлог закон, не е пропишано правото на работникот да биде Синдикално организиран. Исто така голем проблем според нив ќе произлезе од одредбата, со која се предвидува оценување на јавните службеници на секои 4 месеци и тоа само од раководните лица. Според ова, доколку при последователни три оценувања, службеникот добие две незадоволителни оцени, автомаски ќе добие отказ.

-Свесен ли е предлагачот на овој закон дека при секоја промена на власта,овие лоши одредби можат да се злоупотребуваат и според ова, сметаме дека судбината на околу 100.000 јавни службеници , ќе се стави во рацете на еден мал број функционери.-велат од ССМ.

Тие наглсуваат  дека овој Предлог закон не треба да биде усвоен и дека истиот треба да биде ставен во широка  расправа, во која ќе бидат вкучени и Синдикатот и Науката, со цел истиот да се изготви без пропустите кои што сега ги содржи.

OhridNews