Македонија мора да работи на подобрување на новинарските права во земјата, сметаат странските аналитичари, кои во петок учествуваа на конференцијата посветена на работните и професионални права на новинарите во Македонија .
Тие наведуваат дека работничките права на новинарите се занемаруваат, па заради тоа потребно е поголемо синдикално здружување, како и закони што ќе ги штитат медиумските работници.
Според анкетата на ССНМ и агенцијата за јавно истражување дури 80% од испитаниците, односно новинарите вклучени во анкетата, одговориле дека состојбата во медиумите се влошува, а речиси половина од испитаниците одговориле и дека се соочуваат со некаков вид на цензура.
OhridNews