Во најголем дел од земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Охрид претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура се спушти до 2, а максималната ќе достигне 13 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.
OhridNews