Аргентинскиот стадион “Кордоба“ во иднина ќе се вика Марио Алберт Кемес, во чест на славниот центарфор кој со своите подогоци и ја донесе првата титула светски првак на Аргентина во 1978 година на Мундијалот одигран на нивно тло.
Стадионот кој е изграден во 1978 за потребите на Мундијалот се наоѓа на северот на Аргентина и се реконструираа за потребите на Копа Америка кој ќе се одржи наредната година во Аргентина.
– Наша желба беше да му оддадеме признание на најголемиот фудбалер на Кородоба, Марио Кемпес кој не израдува во 1978 година – рече гувернерот на провинцијата Кордоба, Хуан Скјарети.
Кемпес (56) кој за време на својата играчка кариера го носеше прекерот “Матадор“ го постигна првиот гол на тој стадион на 16 мај 1978 година, кога екипата на Меноти играше против локалниот тим.
– Пресреќен сум, вообичаено имиња се поставуваат на улици, но ова е навистина неверојатно – вели Кемпес кој моментално работи како коментатор во ЕСПН телевизијата.
Пред Кемпес свои стадиони во Аргентина добија Диего Армандо Марадона и Марсело Бијлеса.
Кемпес за гаучосите одигра 43 натпревари во периодот од 1973 до 1982 година. Постигна 20 гола од кои два во финалето од Светското Првенство против Холандија. Во клупската кариера го има освоено Купот на Европски Шампиони со Валенсија во 1980 година и титулата првак во Аргентина со Ривер Плата во 1981 година.
ГРК Охрид го совлада РК Бутел во натпреварот од 1 коло од плеј-офот во Супер лигата, кој се одигра вечерва во салата „Антон Димитров“, со 22:28 (полувреме 10:11) Најефикасни во редовите на Охрид бе...
Третото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ ќе се одигра викндов на 28 февруари и 1 март во Спортскиот центар „Климент Колески“ На програмата се 4 натпревари Екипите на ЛТХ Леарница и ...
Денес се одигра првото коло од Пионерската лига Охрид 2026 во шах во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Во лигата учествуваат седум основни училишта од Општина Охрид, а...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.