Пристапни цени и врвна услуга со најсовремени машини за изработка на рамки и обработка на стаклото се доволен императив решението на своите проблеми поврзани со стакларските услуги и врамување, охриѓани да ги најдат токму во новоотворената стаклара „Ваше стакло“.
На лесно достапна локација на улицата „Јане Сандански“ бр.55 локал 3, стакларата „Ваше стакло“ нуди широк спектар на услуги.
Меѓу нив сервис на скршени прозорци, стакла за маси, огледала за во ходници и тоалети, туш кабини, параван стакла. Во однос на сегментите поврзани со рамки, се работи лепење на постери, каширање на слики на платно, каширање на картонска фолија, врамување на слики со кадифени и картонски паспартуа… Но, се нудат и полуксузни услуги кои опфаќаат стаклени огради и скали, стаклени прегради во канцелариите, настрешници…
Охрид доби стаклара со услуги по европски терк и пристапни цени „Ваше стакло“
Дваесет годишното искуство кое зад себе го имаат сопствениците, говори за професионалноста која ќе се нуди, а ќе биде добар знак за градење на една успешна и препознатлива бизнис приказна. Велат отворени се за соработка и комуникација со сите.
Стакларата располага и со свој сопствен паркинг простор што овозоможува поголема достапност за потрошувачите, а во понудата влегуваат и достава и монтажа.
Работното време е од понеделник до петок од 8 до 16 часот, а телефонските броеви за контакт се 076/439-005 и 075/275-528.
Според потребите на пазарот и побарувањата, секако се планира и проширување како на услугите, така и на персоналот и работното време.
OhridNews/PR