Најбогатиот украинец, Ринат Ахемтов, го купил најскапиот британски стан во Лондон за неверојатни 136 милиони фунти. Тој планира да вложи уште 60 милиони фунти како станот би го уредил по свој вкус. Сепак, станот на три ката со спектакуларен поглед, тешко ќе направи дупка во неговото богатство кое се проценува на 10 милијарди фунти. Минатата година бил на 148 место на листата најбогати луѓе во светот. Синот на рудар, и татко на две деца се збогатил со вложување во рудниците за јаглен и челик. Сега е сопственик на украинскиот фудбалски клуб Шахтјор. Неговата портпаролка Елена Довзенко потврдила дека неговата компанија вложила средства во станот.


Се верува дека становите во таа зграда се најскапи на светот, а тој купил два и ги споил во еден од 2322 квадратни метри. Цената на еден квадрат изнесува 6000 фунти. Зградата е сигурна како тврдина. Се влегува по систем на препознавање на рожницата на окото, има соба за паника и непробојни стакла. Поплочена е со 15 врсти мермер, има приватно кино, базен од 21 метар, сауна, теретана, голф симулатор, вински подрум, рецепција, собна услуга од мандаринскиот ресторан кој е сместен во зградата како и подземен пат до ресторанот „Хештон Блументал“. Најмалиот еднособен стан чини 6,75 милиони, а цената на поголемиот број станови се движи од 27 до 33 милиони фунти.