Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на генералното собрание во Нион изгласа неколку промени во Лигата на Шампиони кои ќе стапат на сила од 2018 година.
Една од поголемите промени во ЛШ се терминити на одигрувањето на мечевите. Два од осумте мечеви во групната фаза во вторник и среда ќе се играат во 19 часот, а другите во 21 часот.
– Одлучивме натпреварите во групната фаза во Лигата на Шампиони да се разделат во два термини, како гледачите да имаат повеќе можност да гледаат фудбал. Од 2018 година вљубениците на фудбалот ќе гледаат по два натпревари, а не по еден како што е сега моментално. – стои во соопштението од УЕФА.
УЕФА, ја потврди одлуката која не оди во прилог на помалите клубови, откако им даде загарантирани четири места во групната фаза на четирите најдобро рангирани лиги во Европа.
На шампионите од помалите земји УЕФА ќе му даде прилика во Лигата на Европа, во случај да отпадна во втората или третата квалификациска рунда за пласман во ЛШ.
На пример, Вардар како шампион од Македонија сезонава ќе се бореше за пласман во ЛЕ по елиминацијата од Динамо Загреб во втората квалификациска рунда во ЛШ.
OhridNews