Поранешниот ракометар на Металург, Дарко Станиќ професионалната кариера ќе ја продолжи во Кувајт.
Откако замина од Автокоманда, српскиот чувар на мрежата се пресели во Бундес лигата односно во тимот на Битенхајм, кој не успеа да се спаси од испаѓање.
Во Кувајт поранешната „единица“ ќе ја темпира формата за следната сезона, во која ќе се врати во Бундес лигата и ќе го чува голот на Рајн Некар Ловен.
Ohridnews