Српскиот голман во дресот на Металург, Дарко Станиќ за спортскиот весник журнал ја откри трогателната вистина околу неговото име. Во мај 2007 година после натпреварот Грасхоперс и Сент Гален во крвта на Станиќ е пронајдено кокаин, а за овој испад заработил суспензија од две години.


–    Кога гледам сега од овој агол, таа фаза од животот морала да се случи. Се случуваат лоши работи а мене мораше тоа да ми се случи. Дното е најдобро место за нов почеток,  тоа е неповторливо искуство цело време се трудиш да не се вратиш таму каде што не припаѓаш, горд сум на себе што успеав во ова што сум денес  – потенцираше Станиќ.

Станиќ е еден од ретките спортисти кој јавно признал дека го користел и уживал во кокаинот што го конзумирал.


–    Таков човек сум сакам се да пробам и да експериментирам. Многу ме интересираше какво е чуството после тоа и искрено не се чувствував најдобро затоа и прекинав. Во ни еден момент не се плашев дека можам да станам зависник, секогаш имав контрола на себе. Кокаинот често се користи но тешко е да се признае, допинг контролата беше во недела а јас го користев во петок. Во принцип во крвта се задржува околу три дена но ете на моја среќа или несреќа тоа излезе на виделина и ме суспендираа две години – истакна 33 годишниот голман на “орлите“.

“Црниот пат“ во тунелот на Станиќ го осветли повикот во репрезентацијата на Србија од селекторот Јовица Цветковиќ кој му веруваше и му даде втора шанса.


– Тоа што го направи селекторот за мене никогаш нема да го заборавам. Ме оживеа целосно, незнам дали некој друг селектор би собрал храбост да ме повика кога бев без клуб и надеж. На крајот се исплатеше за мене и за репрезентација на Србија и уште еднаш сакам да му се заблогадарам на селекторот Јовица Цветковиќ – заврши Станиќ за неговото патешествие.


Македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, Металург на голот со Дарко Станиќ и хрватскиот стратег на клупата Лино Червар полека ја освојуват Европа, “зелените“ ја “преживеаа“ групата и се пласираа во ТОП 16.

Мх.П.