Дарко Станиќ голманот на Металург го сврсти ЕХФ во идеалниот тим од овогодинешното издание од Лигата на Шампиони.


Станиќ заедно со останатите ракометари од Металург направија сензационален резултат сезонава откако обезбедија пласман во осумте најдобри на стариот континент.

Српскиот репрезентативец е единствениот ракометар од Металург, кој се најде во составот на сезоната, а другиште шест ракометарите се Андерс Егерт (Флензбург), Филип Јиха (Кил), Даниел Нарцис (Кил), Ласло Наџи (Веспрем), Иван Чупиќ (Киелце), Хулен Агинагалде (Атлетико Мадрид), Иштван Чуш (Веспрем).

Мх.П.