Македонскиот преставник во ракометната елита, Металург сезонава покажа дека може да се носи со големите екипи од Европа. Во првата пресметка од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, Металург со минимални 19-18 го совлада Загреб.

Со српскиот голман на голот, Дарко Станиќ, тренерот на Металург кој во минатото со хрватската репрезентација се закити со златен медал од Светското и Олимпиското првенство, Металург ја живеаа сезоната од соништата.

Играме над своите
можности и го плаќаме данокот што играме на два фронта, Лигата на
шампиони и регионалната СЕХА лига. Некои наши играчи се повредени, а ние
немаме толку широк играчки кадар како што имаат нашите конкуренти
– истакна Станиќ за официјалниот сајт на ЕХФ.

Македонскиот првак в сабота во реванш мечот со Загреб од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, ќе брани еден гол предност стекната на мечот на домашен терен.

Ние и Загреб имаме сличен стил, играме силно во
одбраната и сите наши натпревари завршуваат со мал број на постигнати
голови. Имаме мала предност пред реваншот и мора да одиграме најдобро
што можеме за да ја сочуваме
– заврши “октоподот“ Станиќ, кој на мечот со Загреб имаше 45 % успешни интервенции.

Ако избраниците на Лино Червар, “преживеат“ во Загреб, Металург ќе остане во игра за четири трофеи : Лигата на Шампиони, СЕХА лигата, омашното првенство и во Купот на Македонија.

Мх.П.