Настаните од вчера покажаа уште еднаш колку може да биде суров изборниот процес и колку малку треба да се се наруши нечиј углед, ијави носителотѕ на независната листа за советници, адвикатот Александар Станкоски.

Тие информации, невистини или полувистини директно влијаат врз нечиј живот, нечие семејство, роднини приајтели. Да го задржиме достоинството пред се како луѓе, но и на комплетниот изборен процес, кој до сега се одвиваше без поголеми проблеми, реагира на последните случувања во Охрид кандидатот за советник  Станкоски.

Нашиот изборен слоган не случајно „Доста е од поделби, правда и достоинство за сите“, затоа што во вакви моменти се гледа дека тоа на Охрид секако му е потребно, додава Станкоски.

– Во недела имаме уште еден голем тест за демократијата во Охрид и секако за Република Македонија. Сметам дека изборите ќе бидат фер, коректни и без притисоци, бидејќи нашите граѓани го заслужуваат тоа.  Мислам дека изборите ќе бидат на највисоко ниво, а со таквиот чин ќе се докаже фактот дека демократијата во нашата земја е во нагорна линија, вели Станкоски.

OhridNews