Апартманот на улицата „64 Пери“ на Менхетн најверојатно засекогаш ќе биде запаметен како куќата на Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“. Во овој стан се случувало се и сешто. Сара Џесика Паркер, односно Кери Бредшо во него плачела, се смеела и ги пишувала познатите секси колумни. Но, куќата сега има нов сопственик.

Петособниот апартман пред неколку дена бил продаден за 9,85 милиони долари. Новите сопственици, кои засега се анонимни, сигурно ќе мора да се припремат за редовните автобуски тури и туристите кои сеуште во голем број го посетуваат ова место.