Лидерот во шпанската Ла Лига, Барселона на гостувањето во Виго против Селта ќе настапи без најдобриот фудбалер Лионел Меси.
Повредата на стапалото добиена на дуелот со Манчестер Сити во Лигата на Шампиони го мачи Аргентинецот. Иако тој настапи за каталонците на „Ел Класико“ сепак ги пропушти мечевите од аргентинската селекција.
– Чекавме до последен момент да видиме како ќе се одвива ситуацијата, но не беше во можност да игра. Болките му се зголемуваа и не сакавме да ризикуаме со неговата повреда. – рече селекторот на Аргентина, Херардо „Тата“ Мартино.
Меси сезонава е најдобар стрелец во екипата на Барселона со 43 погодоци во сите конкуренции.
Мх.П.