Според Одлуката на Советот на општина Охрид, во периодот од 4 јули до 31 август 2011 година , во стариот дел на градот ќе се применува летен режим на одвивање на сообраќајот.

На улиците „ Илинденска“ , „ Коста Абраш“ и „ Цар Самоил“ во периодот од 05 до 20 часот , ќе може да сообраќаат возила  само со специјални пропусници, а од 20 до 05 часот ќе има целосна забрана за сообраќај.

На  улиците „ Илинденска“ , „ Коста Абраш“ , „ Цар Самоил“ , „ Кочо Рацин“ и просторот околу црквата „ Света Софија“ се забранува запирање и паркирање на сите моторни возила.

Граѓаните од овој дел на градот бесплатно за паркирање на возилата можат да го користат просторот пред „ Горна порта“.

На улицата „ Кирил и Методиј“ , во периодот на летниот режим на сообраќај,  односно од 4 јули до 31 август, во времето 05 до 20 часот ќе се одвива двонасочен сообраќај, а од 20 до 05 часот ќе се одвива  еднонасочен сообраќај во насока кон „ Горна порта“ .
Локалната самоуправа ги  очекува дека граѓаните ќе го почитуваат летниот режим на сообраќај за стариот дел на градот , зошто со тоа ќе придонесат за подобра организација  и престој на гостите за време на главната туристичка сезона.

OhridNews