Неодамна реконструираната стара охридска чаршија можеби доби нов изглед, ама ја мачат стари навики. Покрај урбаната опрема која го „цеди“ секој сантиметар од чаршијата стеснувајќи го просторот за минување, дополнителен проблем за минувачите претставуваат и моторите.

Старата чаршија е претворена во паркинг за мотори, па минувачите мака мачат да се разминат.

Живееме во време кога моторот стана речиси неопходно превозно средство за охриѓани во летните гужви, но и проблем кој ја оптоварува ионака преоптоварената инфраструктура, што е причина повеќе градските власти да се зафатат со сериозно решавање на ова прашање и воведување ред во паркирањето на превозните средства на две тркала, затоа што секаде во светот пешаците имаат приоритет, особено во пешачки зони и шеталишта.

Г.М.