Ракометарите на Кадетен Шафхаузен со убедливи 27-17 (10-10) го совладаа Металург пред своите гледачи во осмата рунда од Лигата на Шампиони.
„Металурзите“ на гостувањето во Германија парираа само едно полувреме кое помина во изедначена игра и резултат (10-10).
Во второто пулените на Лино Червар ги повторија грешките од минатите мечеви. Нападот беше безидеен, а одбраната ровита домаќините искористија се и му го нанесоа најтешкиот пораз на Металург сезонава.
Тимот од Автокоманда во следната деветта рунда пред своите гледачи ќе се сретне со екипата на Скјерн од Норвешка.
Мх.П.











