Италијанскиот првак Јувентус следните три недели не ќе може да смета на столбот во одбраната и репрезентативец на „азурите“, Џорџо Киелини.


Дефанзивецот посериозно се повреди на дуелот со Фросиноне во италијанската Серија А кој „бјанконерите“ го добија со 2-0.

Киелини сигурно ќе ги пропушти мечевите со Наполи и Болоња во „Калчо лигата“ и првиот дуел со Баерн Минхен во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони, а негов кам бек се очекува крајот на февруари или почетокот на март месец.

Отсуството на неуморниот борец ќе биде голем хендикеп за тренерот Масимилијано Алегри кој со екипата ќе биде на голем испит во следните мечеви.

Дербито со Наполи во Серија А се игра викендов, а дуелот со „баварците“ во 1/8 од ЛШ во Торино е закажан за 23 февруари.

OhridNews