Европскиот вицепрвак Јувентус го доведе третото засилување во своите редови за следната сезона. Новиот член е Марио Манџукиќ, кој со „бјанко-нерите“ потпиша тригодишен договор.
Иако трансферот се уште не е официјализиран, сепак го потврди тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој најави заминување на Карлос Тевез по ангажманот на Хрватот.
– Манџукиќ погодуваше секаде каде што играше и затоа го сврти нашето внимание. Има доба карактер, игра врвен фудбал и сигурен сум дека така ќе продолжи и во нашиот клуб. – рече Алегри и надополни за Тевез. – Него не можеме ништо да му замериме. Многу му сме благодарни што се направи за нас сезонава што измина.
Хрватскиот репрезентативец е трето засилување за италијанскиот шампион. Претходно „старата дама“ ги ангажираше Пабло Дибала и Сами Кедира.
Мх.П.