Во последните неколку часа повеќе светски компании се повлекоа од Русија.
„Старбакс“ соопшти дека сите 130 кафулиња во Русија ќе бидат привремено затворени и ќе го прекинат снабдувањето во земјата.

И најголемата светска козметичка компанија Лореал ги запре сите инвестиции во Русија и привремено ги затвори своите продавници.
Мекдоналдс исто така соопшти дека привремено ги затвора своите 850 ресторани во Русија, каде овој бренд е исклучително популарен.

Еден час после Кока-Кола, и Пепси соопшти дека го прекинува бизнисот во Русија. Пепси ги прекинува продажбата, рекламирањето и промотивните активности поврзани со своите брендови на пијалаци во Русија, вклучувајќи ги Пепси-Кола, 7Ап и Миринда.
Производителите на автомобили Ферари и Ламборџини соопштија дека нема да произведуваат автомобили за рускиот пазар до дополнително известување.
Во соопштението, Ферари наведе дека планира да донира еден милион евра како поддршка на напорите за помош на украинските граѓани.
Ламборџини соопшти дека „се надева на брз крај на непријателствата и враќање на дипломатијата“. Компанијата планира да донира на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
OhridNews











