Англискиот репрезентативец и член на Ливерпул, Даниел Стариџ го критикуваше менаџерот на „црвените“ Брендан Роџерс, кој изјави дека напаѓачот не е подготвен да игра секој натпревар.


– Се осеќам многу добро и подготвен сум да играм на секој натпревар. Не сакам да сум поштеден, но мислам дека менаџерот го посакува и тоа и не е во право. – рече Стариџ.

Ливерпул со победата над Барнли 2-0 пред своите гледачи ја продолжија трката за местата кои носат излез во Лигата на Шампиони.

– Секоја следна победа ќе биде фантастична за нас. Добро е што се врати Стариџ и веднаш се осети во нападот. Неговото движење е неверојатно и прави се за екипата. – потенцираше капитенот Џордан Хендерсон.

Ohridnews