Во спортската сала „Билјанини извори“ вечерва концерт одржа италијанската музичка ѕвезда и еден од најдобрите вокали на стариот континент Цукеро (Zucchero).

Промената на амбиентот, од Античкиот театар во спортската сала, поради, како што извести организаторот „Авалон продукција“, неповолните временски услови, не го намали перформансот на 63-годишниот Zucchero, кој како голем професионалец настапи на сцената со полна енергија од првата минута.

Публиката и покрај ‘жешката’ атмосфера во топлата сала уживаше во двочасовниот настап на Zucchero и одлично се забавуваше.

Zucchero испеа дел од неговите најголеми хитови: Baila morena, Domenica, Senza una donna…. a посебни емоции разбуди потсетувањето на дуетот со славниот Павароти, кој со помош на видео технологијата повторно оживеа на сцената.

Zuucchero изрази жалење што концерот не се реализира на отворено, но без оглед на тоа и приреди извонредна музичка вечер на публиката која со овации го врати популарниот Италијанец на бис. Тој, пак, за разделба на македонски јазик и посака среќа.

Г.М.

Фото галерија: