Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги потсетува граѓаните кои не извршиле замена на старите лични карти со нови биометриски лични карти дека се должни тоа да го направат најдоцна до 27.02.2012 година.

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (“Службен весник на Република Македонија” број 19/2007 и 10/2010) личните карти издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 Согласно Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.19/2007) пасошите издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон, продолжуваат да важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во пасошот, но најдолго пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон, односно старите небиометриски пасоши важат до 27.02.2012 година.

OhridNews