Вчеравечер, на Сарашиште се разлеаја звуците на староградските чалгии. Ансамблот „Билјана Јуниор“ го одржа својот втор концерт по повод Денот на независноста и завршувањето на летната туристичка сезона.

Бројните присутни имаа можност да ги проследат изведбите на познатите охридски староградски рефрени, како и настапот на Игор Стефаноски на гитара и Јована Топенчарова и Маја Ристеска.

Од „Билјана Јуниор“  потенцираат дека концертот  ќе продолжи да се одржува секоја година, воочи Денот на независноста.

Ансамблот „Билјана јуниор“ , составен од група млади луѓе , од пред три години продолжи по стапките на некогаш, еден од најпознатите ансамбли во тогашна Југославија, ансамблот „Билјана“, кој  пред 61 години беше формиран од Кузман Поп Стефанија, Сотир Димитроски – Сингл,  Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски.

OhridNews