Бугарија не би требало да и прави опструкции на С.Македонија, која има свои аргументи и се развива врз свои императиви. Географски тоа е нашата најблиска земја и ако не попречува кон ЕУ, тоа ќе биде штетен и обесхрабрувачки чин за многу генерации во Македонија, но и во самата Бугарија грешката ќе биде видлива после извесен период.

Ова го истакна академик Луан Старова, еден од живите литарерани магови на Балканот, во подолгото интервју за Телевизија Европа, кај водителот Георги Коритаров.

Се работи за еден неразбирлив и неприфатлив спор. Македонија помина една значајна етапа, постави стабилна основа како членка на НАТО, каде што од порано е и Бугарија. Македонија направи големи напори за да се приклучи на европските токови. И сега, наместо да започнеме една нова етапа од заеднички вредности, да се свртиме кон нештата кои не обединуваат, ние ќе се закопаме во минатото, додава академик Старова.

Тој појаснува дека е понастрана од политичките збиднувања, но не може да остане имун.

Македонија, наследувајќи доста позитивни аспекти од поранешната заедничка држава, го зацврсти својот идентитет. Особено во културата и литературата. На површина излегоа силни личности, многу млади беа и надвор. На меѓународен план, Македонија беше една од првите земји по распадот на Југославија, на која Бадентеровата комисија и го одреди правото да биде призната како нова држава, порача Старова.

Наместо ирационалност, академик Старова препорачува да се надмине што побрзо дефицитот на размена на културни добра и, во една благопријатна атмосфера, да започне нова ера на взаемно разбирање и почитување, инфраструктурно и институционално поврзување, за што, како пример ги посочи заедничките проекти и искрената соработка помеѓу МАНУ и БАН, од пред неколку години. Потоа соработката со блескавите бугарски автори, како Антон Дончев и слично.

Повод за телевизискиот разговор со Старова во Бугарија беше промоцијата на неговиот најнов рома преведен од македонски јазик како “Посланикът на държавата, която няма да съществува”, со мотиви од последните години на Титова Југославија, но, како што вели авторот “со нишки кои водат до современите настани на Балканот, како страдално подрачје”, во кое, тој, како автор, “пишува со перото и животот”.

Академик Старова не пропушти да нагласи дека му е мило што интервјуто го дава за една “позната и толерантна емисија” (“Слободна зона” на ТВ Европа, кај Георги Коритаров) по кој пример треба да тргант и останатите медиуми од двете земји.

В.М.