Есенцијата на групата Starowski е балкански ритам и звук, што уште повеќе се развива во суптилни лирски мелодии поддржани од стихови од македонски поети. Нивниот звук пренесува медитерански и балкански дух на среќна тага или со други зборови кабаре- чалгија. Преку текстот и музиката раскажуваат приказни од животот, љубовта, смртта, копнежот, среќни и тажни денови.
Љубителите на Starowski бенд ја опишуваат нивната музика како длабока, емотивна и разбирлива за сите генерации. Starowski има настапувано на многу фестивали, меѓу кои Баскерфест Скопје , Spancirfest во Вараждин , Ethnofusionfest- Белград .
Нивниот прв албум ќе биде издаден наскоро. Групата ја сочинуваат: Верица Андреевска Спасовиќ – вокал, перкусии, Верица Недеска – вокал, Јордан Костов – хармоника; Дејан Спасовиќ – уд, тамбура, Круме Стефановски – перкусии, вокал; Зоран Павловски – Контрабас.
Настапот на Starowski бендот започнува во 22 часот.