Млади ентузијасти кои имаат сопствена бизнис-идеја или проект, ќе можат да добијат совет, екипа, ресурси или менторска поддршка на второто издание на Старт-ап викендот што од 26 до 28 април ќе се одржува во просториите на универзитетот „Свети Апостол Павле” во Охрид.

Некои звучни имиња како „Cognism“, „Adeva“, „Excelerate“, „HeyReach“, „Native teams“, „FitKit“, „Konceptiva“ и корпорациите „Oracle“, „NLB Banka“,„ IT Labs“,„SEDC“ се само дел од компаниите кои се дирекни поддржувачи на настанот.
„Startup Weekend“ e глобален настан/хакатон што има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и старт-ап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд.
Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат. Екипите со поддршка на 40 ментори работат на доразвивање на своите идеи, по што својот концепт го презентираат пред истакнати ИТ професионалци, бизнисмени и инвеститори, а успешните проекти добиваат реални можности за пректична реализација.
OhridNews










