Македонскиот ракометен шампион Ѓорче Петров, вечерва (20ч А2 – пренос) ќе ги започне натпреварите во ракометната Лига на шампионите.

На стартот на новата сезона,во скопското „Кале“, ѓорчепетровки ќе ја угостат  екипата на Ѓер од Унгарија.

Покрај Кометал ЃП и Ѓер, во групата се европскиот првак Звезда Звенигород и Икаст од Норвешка.

Сезонава главна цел на клубот е да се биде третопласиран во групата. Тоа би овозможило продолжување на натпреварите во КПК.

ohridnews