Со позитивна мисла и пријатна атмосфера помеѓу фудбалерите, со старо-новиот тренер Драган Бочески, Градскиот фудбалски клуб Охрид, денеска, означи почеток на подготовките за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.

  • Сите што сме тука свесни сме пред каков предизвик се наоѓаме. Верувам во сите и убеден сум дека на крајот сите заедно ќе успееме во нашата цел да опстаниме во Втората лига. На старите фудбалер сакам да им се заблагодарам што останаа и не ни свртеа грб, а на новите да им посакам добре дојде и многу среќа. – рече Претседателот на Охрид, Љупчо Грданоски на состанокот со играчите и стручниот штаб.

Подготовките на „рибарите“ ќе се одвиваат во Охрид. Во подготвителниот период „рибарите“ ќе одиграат шест седум контролни средби со екипите од нашата земја и странство.

Охриѓани своите редови ги засилија со голманот Раиф Мирселоски, Дарко Симјаноски и Ујкан Муча, додека од клубот заминаа Даниел Котески и Стефан Петрушески. Во следниве неколку денови клубот ќе ги промовира новите засилувања.

Мх.П.