Женскиот ракометен клуб Лихнид имаше успешен старт во Кадетската лига совладувајќи го тимот на Макалоски од Прилеп со 27-20 (12-8) на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Китовите“ во воведните минути од мечот имаа негатива но брзо се консолидираа и ги ставија работите под контрола. Разликата во првиот дел се одвиваше од 2-3 голови а охриѓани во финишот со мини голгетерска серија стигнаа до плус четири (12-8).

На стартот од второто полувреме, ракометарките на Лихнид се одлепија на шест голови (16-10) и го решија прашањето околу победникот. До крајот ја задржаа предноста и со 27-20 го совладаа ривалот за први бодови во новата сезона.

Со девет погодоци најпрецизна беше Мендувие Далипоска а по неа следуваа Кристина Костеска со шест, Маја Кутаноски со 5 и Јана Ангелоска со четири погодоци. Во гостинскиот тим се иистакна Михаела Петреска која реализираше 10 голови.

OhridNews