Македонската женска ракометна репрезентација претрпе убедлив пораз 41-20 од селекцијата на Србија на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Турни Северин, Романија.

Најефикасна во нашиот комбиниран состав во кој не настапуваат ракометарките на Металруг беше Петковска со десет постигнати голови.

Утре од 16 часот нашите ракометарки се среќаваат со селекцијата на домаќинот Романија, додека в недела од 10 часот го играме последниот натпревар со Унгарија.

Ohridnews