Старт со пораз за Колибри во новата кошаркарска сезона. Охриѓанки беа недораснат противник за вицепрвакот Вигор кој ги совлада со високи 80-36.

Струга на деби мечот по враќањето во елитата беше поразена од Бадел, додека првакот Младинец со победа ја започна одбраната на титулата.

Резултати 1 коло
Вигор Скопје – Колибри 80-36
Клубски – Пантери 50-65
Студент – Вод. Лисици 52-66
Бадел.К – Струга 66-55
Трокал – Младинец 56-61

Во наредното коло Колибри на домашен терен го пречекува шампионот Младинец.

Ohridnews