Стартот на Малиот охридски пливачки маратон нема да биде променет и ќе остане од плажата пред поранешниот хотел Парк. Хотелот на стартот на летната сезона беше срушен и просторот околу него е претворен во градилиште.

– Има доволен дел од плажата кој е нечепнат и него  ќе го искористиме за да ја стартуваме трката – вели Кочо Паскали од клубот “Охридски бранови“ кој во соработка со локаланата самоуправа се организатори на Илинденскиот КУП.


Илинденскиот куп кој е со должина од 2,5 километри се плива на патеката од Горица до градското пристаниште. Годинава “малиот“ маратон ќе го има своето 31 прво изадние, а на последните три трки победуваше Евгениј Поп Ацев од ПК Студент Скопје.


Рекордот на патеката го држи Михајло Ристовски постигнат во 2006 година, со време од 26 минути, 4 секунди и 86 стотинки.

Две недели подоцна на 14 август на патеката Климе Савин ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон.

М.П.