Околу седумдесетина едрлици од земји од нашето опкружување ќе настапат на 43. издание на Меѓународната Илинденска едриличарска регата, која од денес до 2 Август ќе се одржува во водите на Охридското езеро.

Како по обичај најбројни ќе се оптимистите, додека годинава се очекуваат возбудливи трки во класата мини и микро тонер.

Нема промена на регатното поле, а тоа е триаголникот канал Студенчишта – Канео – Горица прва. Натпреварите започнуваат во 10 часот.

Ohridnews