Со три натпревари вечерва во Волино започнува 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“.

Според изменетиот распоред на организаторот, турнирот во 20:30 часот ќе го отворат бранителот на трофејот Сатеска и Провелд.

Промена има во вториот натпревар. Наместо првично најавената средба Асп Пак – Македонија, од 21:30 часот ќе играат Екстра Скопско и Чардак Велгошти. Вечерната програма ќе ја затворат Хотел Тино и Златара Бени Ерол.

Програма – 11 август:
20:30 Сатеска – Провелд
21:30 Екстра Скопско – Чардак Велгошти
22:30 Хотел Тино – Златара Бени Ерол

На „Богородица куп“ годинава настапуваат 24 екипи поделени во осум групи, а обезбеден е вкупен награден фонд од 350.000 денари. Победникот ќе освои 200.000 денари.

Г.М.