Во вторник на 17-ти јуни 2014 година, на пристаништето во Охрид ќе биде одбележано воспоставувањето на првата бродска линија помеѓу Охрид и Поградец.

-Станува збор за чартер линија, која во текот на туристичката сезона ќе служи за превоз по воден пат на заинтересираните туристи од Охрид во Република Македонија до Поградец во Република Албанија и обратно, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Од таму најавија дека на свечениот настан на пристаништето во Охрид ќе присуствува и Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Првите патници на оваа линија ќе тргнат во 11:00 часот.

OhridNews