Во Струмица, денеска ќе стартува Европското првенство за кошаркарки до 18 години (Б дивизија). Репрезентацијата на Македонија во првата фаза за противници ќе ги има селекциите на Летонија, Бугарија, Белорусија, Швајцарија, Англија, Норвешка и Финска.

Салата „Парк“ во Струмица на првиот натпреварувачки ден ќе биде домаќин на три натпревари кои почнуваат од 13.45, 16.00 и 18.15 часот, пред свеченото отворање на ЕП закажано за 20.00 часот и првиот меч на Македонија, против Англија, од 20.30 часот.

Капитенот на нашиот тим, Ангела Давиткова, ја потенцираше посветеноста на сите кошаркарки и желбата да се израдува македонската публика.

„Со заеднички сили ќе влеземе во првиот и во сите останати натпревари. Одлично функционираме како екипа, ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра во секој меч и верувам дека можеме да ја наградиме домашната публика со победа“, рече Давиткова.

Покрај натпреварите во салата „Парк“, на првиот натпреварувачки ден паралелно ќе се играат и четири средби во салата „Никола Карев“.

Сала Парк:
13.45 Летонија – Белорусија
16.00 Бугарија – Норвешка
18.15 Финска – Швајцарија
20.30 Англија – Македонија

Сала Никола Карев:
13.45 Португалија – Австрија
16.00 Германија – Шкотска
18.15 Литванија – Црна Гора
20.30 Израел – Унгарија

Во знак на почит кон трагично настраданите во пожарот во Струмица, сите натпревари во рамки на првиот ден од Европското Првенство ќе почнат со едноминутно молчење