Со натпреварите од А групата започнува долгоочекуваното Европско првенство во Полска за фудбалери до 21 година. Меѓу 12-те селекции учесници поделени во три групи е и Македонија која е сместена во Б групата заедно со Шпанија, Португалија и Србија.
Првопласираните селекции од групите и најдобрата второпласирана репрезентација ќе разигруваат во полуфиналето. На ЕП во Полска ќе продефилираат неколку супер ѕвезди, а најатрактивни се шпанските кои се и фаворити за медалот.
Распоред:
Група А:
18ч Шведска – Англија
20:30ч Полска – Словачка
OhridNews