Оваа обука на учесниците ќе им помогне да ги развијат своите професионални и животни вештини. Обуките ќе ги опфатат следните теми: Комуникација, Мотивација, Емоционална интелигенција, Лидерство, Управување со време, Тимска работа, Како да се селектира и развива потенцијална бизнис идеја, Како да се направи маркетинг микс концепт за производите, Како да се изработи свој маркетинг план, SWOT анализа и бизнис план.
По завршувањето на обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат издаден од страна на Локална агенција за развој и фондацијата Фридрих Еберт.