Со натпреварите од А, Б, Ц и Д групите започнува новата сезона во Лигата на Шампиони. Во фокусот во првата рунда ќе биде дерби средбата на Ноу Камп помеѓу Барселона и Јувентус.
Каталонците сезонава свртија нов лист со продавањето на Нејмар, додека „старата дама“ тргнува по иста цел пласман во финалето и титула од ЛШ.
Интересен ќе биде дуелот и во Рим, каде ќе се сретнат Рома и Атлетико Мадрид, а голем дел од погледите ќе бидат вперени во дуелот помеѓу Селтик и Пари Сент Жермен. За тимот на „светците“ во ЛШ ќе дебитираат Нејмар и Килијан М`бапе. Стандардно мечевите започнуваат во 20 часот и 45 минути.
Двојки:
Група А: Бенфика – ЦСКА Москва, Мен Ју – Базел
Група Б: Баерн Минхен – Андерлехт, Селтик – ПСЖ
Група Ц: Челси – Карабах, Рома – Атлетико Мадрид
Група Д: Барселона – Јувентус, Олимпијакос – Спортинг
OhridNews