Вечерва, три натпревари ќе означат почеток на новата јубилејна 70-та сезона во професионалната кошаркарска лига (НБА).
Официјално отварање на новата сезона ќе има на теренот од Голден Стејт Вориорс кој минатата ја освои шампионската титула совладувајќи го тимот на Кливленд во финалната серија.
„Воините“ пред своите гледачи силите ќе ги одмерат со Њу Орлеанс Пеликанс, а пред почетокот на мечот на домашните кошаркари ќе им бидат доделени прстените за освоената титула.
Покрај овој меч на програмата се натпреварите меѓу Детроиот – Атланта односно Кливленд – Чикаго.
Оваа сезона Македонија нема свој преставник во НБА откако Перо Антиќ ја напушти Атланта и се пресели во турски Фенербахче.
Ohridnews











