Со дуелот помеѓу Арсенал и Лестер на „Емирати“ стадионот ќе започне новата сезона во најквалитетна лига во Англија, Премиер лигата.
Новата сезона треба да донесе многу возбудувања, бидејќи повторно екипите членови во Премиер лигата го имаа главниот збор на трансфер пазарот.
Изразит фаворит за шампион нема, а во кругот се вбројуваат шест екипи кои ќе се борат за престолот во англискиот фудбал, Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Ливерпул.
Во првата рунда нема дерби средба, но затоа дерби ќе понуди второто коло во кое ќе се сретнат Ливерпул – Арсенал. Титулата во новата сезона ја брани Челзи.
OhridNews