Со мечевите од првата рунда денес започнуваат натпреварите од Пионерската лига во мал фудбал која е во организација на Сојузот на училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа Охрид.

– Ќе се играат десет кола, а ќе се натпреваруваат деца на возраст до 12 години од основните училишта, додека од средните училишта ќе бидат опфатени деца од прва и втора година. Покрај мал фудбал ќе има натпревари во одбојка, пинг понг и атлетика. На мечевите учество ќе земат повеќе од стотина деца, што секако ќе го потикне развојот на масовниот спорт, што е и една од целите на локалната самоуправа – вели коориданаторот на проектот, Јоне Станковски.

Фудбалската лига свечено за отворена ќе ја прогласи градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Натпреварите ќе се играат во среда и сабота од 9 до 12 часот.

М.П.