Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле денеска ќе престојува во посета на Скопје, по повод стартот на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската Унија(ЕУ).

Како што пренесува „Макфакс“, предвидено е од македонска страна дијалогот да го води премиерот Никола Груевски.

Од Европската Комисија велат дека дијалогот не е замена за пристапните преговори, туку начин за внесување на нова динамика во реформскиот процес и зајакнување на европската перспектива на земјата.

„Ќе се фокусира на пет приоритетни области: слободата на говорот, владеењето на правото, реформата на јавната администрација, реформи во изборниот процес и економските критериуми“, соопштуваат од Европската Комисија.

Покрај состанокот со Груевски и членовите на владата, предвидено е Фуле да се сретне и претставници на опозицијата и цивилното општество.

OhridNews
извор: „Макфакс“