Проектот „Купи куќа, купи стан“ официјално стартува со реализација. Во проектот се вклучени осум банки каде граѓаните ќе може да аплицираат за средства потребни за купување стан или изградба на куќа. Првите кредити се очекува да бидат одобрени во април.

Преку проектот може да се земе кредит за нов стан или изградба на куќа. Има две варијанти. Со едната „пола-пола рата“ Владата неповратно ќе обезбеди средства за половина од месечната рата од станбениот кредит во првите пет години. Со вториот модел „пола учество“ државата ќе плати 50 отсто од учеството за кредитот. Кај првиот модел каматата во првите пет години е 4,99 отсто за првите три и 5,5 отсто за следните две години. Условите кои треба да се исполнат од граѓаните кои сакаат да го користат првиот или вториот модел се исти, односно кредитот да не биде поголем од 50.000 евра со рок на отплата од 20 години, да немаат приходи над 900 евра, а вредноста на станот или куќата да не биде поголема од 900 евра за метар квадратен.

Владата смета дека со овој проект ќе им се помогне на голем број граѓани да го решат станбеното прашање.

Почетокот на реализација на Проектот Купи куќа купи стан денеска ќе го означи  заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески.

OhridNews