По успешно спроведениот  проект “Охрид-град на цвеќето 2012”, ЈП Охридски комуналец продолжува со реализација на “Охрид-град на цвеќето 2013 год.”
 
Стартот на проектот ќе биде означен во сабота, 2- ри март, во 12 часот, кога на потегот од кружниот тек на градскиот плоштад до хотел „Палас“ , ќе биде засаден материјал од годинешната реколта од сопствено производство на претпријатието.

–    “Охрид-град на цвеќето 2012 ” се покажа повеќе од успешен: се реализираа голем број хортикултурни решенија и нови зелени катчиња, се анимираа правните субјекти  и физички лица за уредување на своите тераси, дворови со наша стручна помош и саден материјал и се доделија 350 жардињери со сезонско цвеќе. На овој начин индиректно станавме и туристички промотори на Охрид, а беше организирана и хуманитарно-продажна изложба со кај се донираа средства за нашите најмали сограѓани од Детската градинка „Јасна Ристеска“, велат од јавното претпријатие.
  
Оттаму, во текот на 2013 најавуваат реализација на многу нови парковски решенија и цветни катчиња низ градот.

OhridNews