Поаѓањето ќе биде во 19 часот од Скопје, односно во 22.30 ч. од Охрид.
Цената на билетот ќе биде исклучително атрактивна и во еден правец од Охрид ќе чини околу 25 евра, а повратниот билет околу 40 евра во зависност од дестинацијата.
Исто така, наскоро се очекува да стартува и сезонската линија Охрид –Валона –Саранда, со поаѓање во вечерните часови.
За летниот период А.Д. „Галеб“ го зголеми бројот на линии и кон другите градови во земјата, пред се кон Скопје. Веќе е воведена дополнителната вечерна линија Охрид – Скопје со поаѓање во 19 часот, а од компанијата најавуваат и нови сезонски линии од и кон Охрид, во претстојната туристичка сезона.