Стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“
14.11.25 13:20
Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот.
Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување.
Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат градежните работи беше градоначалникот Кирил Пецаков заедно со дел од администрацијата која е задолжена за реализација и следење на проектните активности, како и директорите на јавните претпријатија.
Вредноста на проектот е 45.000.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните работи е АД „Карпош“ од Скопје.
Репрезентацијата на Данска оствари рутинска победа над Македонија 36:24 во меч од групата Б на Европската ракометно првенство што се одигра вечерва во Хернинг пред 15000 гледачи Македонија добро вл...
„ЕКО ФАП“, во координација со Здружението на бродари и посади на брод, денеска спроведе опсежна самоиницијативна акција за чистење и дезинфекција на Градското пристаниште Акцијата се реализираше по...
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и мин...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.