Македонскиот второлигаш Дрита и српскиот клуб Јагодина ремизираа 2-2 (1-0) во тест средбата, која означи почеток на контролните натпревари на екипите кои зимските подготовки ќе ги поминуваат во Охрид.

Дрита пред крајот на првиот дел го отвори резултатот, реализирајќи од белата точка. Екипата на Јагодина во 51-та минута изедначи на 1-1, а во 85-та минута поведе со 2-1. Дрита во 90-та минута постигна погодок за 2-2 и се спаси од пораз.

Тест средбите со полн интензитет ќе започнат од вторник (26 јануари) кога во Охрид ќе се судрат прволигашите Пелистер – Струга Трим Лум односно охридскиот фудбалки клуб со тетовска Ренова. В среда (27 јануари), Ренова ќе се сретне со Работнички, а в четврток Пелистер ќе игра против Јагодина.

Мх.П.