„ Виз Ер“ , најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денеска го прослави отварањето на својата база во Скопје со пристигнувањето на новото Аирбус А320 летало.

Првиот нов лет на Скопскиот авион полета за Ајндховен во 10:45 часот по локално време со 168 патници и шест членови на екипажот.

На денешното официјално отварање во Скопје присуствуваше вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој го поздрави полетувањето на првите патници со новиот „ Виз Ер“ авион, понудата на повеќе евтини летови и развој на туризмот во Македонија со сега 8 нови „ Виз Ер“ дестинации од Скопје до/ Базел Милуз, Дортмунд, Ајндховен, Лондон Лутон, Малме, Милано Бергамо, Меминген Минхен и Венеција Тревизо.

Се очекува овие 8 дестинации да превезат над 300.000 патници во првата година и да поддржат над 300 локални работни места.

– Ние сме многу среќни што денеска се отвара 16-тата ниско буџетна база токму во Скопје. Од нашето објавување на шесте нови возбудливи дестинации, корисниците во Македонија и од земјите со кои го поврзуваме Скопје се собраа на нашиот веб сајт за да ги искористат ниските цени и преку 25 000 патници веќе резервираа летови од Скопје до новите дестинации, зголемувајќи го вкупниот број на „ Виз Ер“ патници од Македонија на над 100,000 од почеток на нашата работа во земјата пред помалку од една година. Очекуваме ниско буџетниот авио сообраќај да порасне до над 300.000 патници во првата година од нашата нова база. Благодарни сме и на Македонската Влада за нејзината поддршка во промовирање на туризмот со директни ниско буџетни летови, кои ќе помогнат да се поддржи потребата на нови работни места во областа на туризмот во Македонија. Го прославуваме денешното отварање на базата со понуда на седишта на летови по достапни цени од само 550 МКД, изјави Џон Стивенсон, извршен потпретседател на „ Виз Ер“ .

Цената за еден правец вклучува авионски такси и минимален трошок за резервација.

OhridNews